Зеленски: Цела Украина мора да биде слободна

од Stefanija Kuzmanovska
197 прегледи

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, изјави дека на некого може да му се чини дека по серијата победи на вооружените сили на Украина, дошло до одредено затишје, но дека ова е подготовка, бидејќи, како што истакна, цела Украина мора да биде слободна.

Во видео пораката, Зеленски рече дека украинските сили ги ослободиле Изум, Балаклеја, Купјанск и Харковската област, но дека ќе бидат ослободени и Мариупол, Мелитопол и Херсон, како и другите делови на Украина кои се под контрола на руските сили, пренесе „Укринформ“.

„Можеби сега на некои од вас им се чини дека по серијата победи имаме некакво затишје. Но, тоа не е затишје. Тоа е подготовка за следната серија. За следната серија на многу важни зборови за сите нас , кои мора да се слушнат. Затоа што Украина мора целата да биде слободна“, рече Зеленски.

Слични содржини