Зеленски тврди дека повеќе од половина милион Украинци се депортирани во Русија

од Nikola Popovski
245 прегледи

Повеќе од 500.000 Украинци се депортирани во Русија од почетокот на рускиот напад врз земјата, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на видео обраќањето во исландскиот парламент.

„Тие беа принудени да одат таму. Одземени им се документите и средствата за комуникација. Тие беа испратени во далечните региони на таа странска земја за да бидат асимилирани таму“, рече Зеленски, пренесе британски Гардијан.

Во својот говор пред исландскиот парламент, Зеленски укажа на вековните врски меѓу двете земји и му се заблагодари на Исланд за поддршката на санкциите воведени кон Русија.

Слични содржини