Зеленски тврди дека Русите регрутираат Кинези преку ТикТок и ги испраќаат на фронтот

од Nikola Popovski
40 прегледи

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски тврди дека Русија регрутирала повеќе од сто кинески војници на социјалната мрежа ТикТок. Украинската разузнавачка служба објави и документ со имиња и податоци за пасош на 168 кинески државјани, иако Зеленски смета дека реалната бројка е многу поголема.

„Јасно е како се регрутираат. Еден од начините се социјалните медиуми, особено ТикТок и другите социјални мрежи каде Русите дистрибуираат огласи“, навел Зеленски.

Иако шефот на украинската држава директно не го обвини Пекинг дека испраќа војници, тој рече дека кинеските власти биле свесни дека Русите ги регрутираат.

„Има 155 лица со имиња и податоци кои се борат против Украинците на територијата на Украина. Пекинг е свесен за тоа“, изјавил украинскиот претседател.

Да потсетиме, Зеленски во вторникот соопшти дека украинската армија заробила двајца Кинези кои се бореле во источниот регион на Доњецк. Тој објави и кратко видео на кое се гледа како Украинците ги испрашуваат.

„Тоа беше моето прво борбено искуство. Ми дадоа АК-47, иако претходно никогаш немав оружје“, изјавил Женг Ренбо, еден од заробените борци.

Слични содржини