Зеленски: Украина доби гаранција за финансиска сигурност за наредните години

„Ова е значајна поддршка што навистина ја зајакнува нашата отпорност“

од Vladimir Zorba
9 прегледи Фото: Фејсбук/Володомир Зеленски

Важно е руските средства да останат замрзнати и Украина да добие гаранција за финансиска безбедност за наредните години, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Им се заблагодарувам на сите лидери на Европската Унија за одлуката на Европскиот совет да обезбеди финансиска поддршка за Украина, во износ од 90 милијарди евра во периодот 2026-2027 година. Ова е значајна поддршка што навистина ја зајакнува нашата отпорност“, рече Зеленски на Телеграм.

Тој се заблагодари за резултатот и единството што ја штити иднината на европскиот континент, пренесува Укринформ.