Реагирајќи на изјавите на рускиот генерал дека Москва сака контрола врз јужна Украина за да добие пристап до сепаратистичката област Придњестровје во Молдавија, украинскиот претседател Володомир Зеленски рече дека изјавата докажува дека Русија ќе изврши инвазија и на други земји.
„Руската инвазија на Украина е само почеток. Сите земји кои, како нас, веруваат во победата на животот над смртта, мора да се борат со нас. Мора да ни помогнат бидејќи сме први на патот. Кој е следен?“, праша Зеленски.
Молдавија го покани рускиот амбасадор поради коментарите на генерал-мајор Рустам Минекаев, кој е заменик командант на руската централна воена област.