Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера, по потпишувањето на договорот за извоз на украинско жито во Истанбул, соопшти дека Украина располага со жито во вредност од 10 милијарди долари за продажба.
„Тоа е уште еден показател дека Украина може да издржи војна“, рече Зеленски во вечерното обраќање, пренесе Ројтерс.
Украинскиот претседател изјави и дека по склучувањето на овој, како што оцени, важен договор ќе бидат извезени околу 20 тони минатогодишна сеидба.
Зеленски изјави и дека прекинот на огнот со Русија без враќање на изгубените територии само ќе ја продолжи војната.
Во интервју за Wall Street Journal, тој предупреди дека прекинот на огнот што ќе и овозможи на Русија да ги заземе украинските територии од почетокот на офанзивата во февруари, само ќе поттикне поширок конфликт, што ќе и даде шанса на Москва да ги обнови своите сили и да се вооружи за следната круг.