207
Украина ќе го направи НАТО посилен, изјави денеска претседателот на земјата, Володимир Зеленски.
„НАТО ќе ја направи Украина побезбедна, а Украина ќе го направи НАТО посилен“, рече Зеленски за време на заедничкото обраќање со литванскиот претседател Гитанас Наусед во Вилнус, каде што се одржува самитот на НАТО.
Тој додаде дека Украина заслужува да и биде дозволено да се приклучи на Алијансата, пренесува Ројтерс.