139
Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска изјави дека Украина мора да биде на готовност на границата со рускиот сојузник Белорусија.
Зеленски го изјави ова по посетата на регионот Лавов, каде што разговараше за заштитата на границите и безбедносната ситуација во северозападниот дел на Украина.
„Разговаравме за заштитата на државната граница, за оперативната ситуација на границата со Белорусија и за антисубверзивни мерки на тие територии. Освен силни изјави, таму не гледаме ништо силно, но мораме да бидеме подготвени и на границата и во пограничните области“, наведе Зеленски на својот канал на Телеграм, пренесува Ројтерс.