297
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во нова видео порака информира дека Украина трпи големи загуби во Северодонецк и во регионот Харков.
Тој повтори дека на земјата сега и треба модерно противракетно оружје и дека не може да има оправдување за одложување на нивната испорака.
-Нашата држава уште нема доволно оружје. Одолговлекувањето не може да се оправда. Постојано го потенцирам ова кога разговарам со нашите партнери. Првите барања за противракетни системи ги направивме долго време пред да почне целосната инвазија, рекол Зеленски.