192
Украинските сили ослободија повеќе од 30 населени места во регионот Харков за време на контраофанзивата против Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во видео-обраќање тој рече и дека силите успешно ги продолжуваат операциите во повеќе области.
Москва испрати засилување во регионот Харков, според извештаите на руските медиуми, откако првата голема контраофанзива на Украина од пролетта постигна големи територијални придобивки оваа недела, пренесе РСЕ.
Се потсетува дека украинската контраофанзива се очекуваше во областа Керсон, на југот на земјата, а се движеше кон Харков, на североисток, што ги изненади сите, вклучително и руските сили.