Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска упати нов апел до НАТО да донесе „позитивна политичка одлука“ за кандидатурата на Киев за членство во Алијансата на самитот во јули во Вилнус.
„Време е да се отстрани најголемата безбедносна несигурност во Европа – односно да се одобри позитивна политичка одлука за членството на Украина во НАТО“, рече Зеленски во видео-обраќањето на Самитот за демократија во Копенхаген, пренесе „Ројтерс“.
Зеленски е на турнеја низ европските престолнини за да ја зајакне поддршката на сојузниците на Киев пред очекуваната украинска контраофанзива против руските сили.