Зеленски утре ќе ги изнесе деталите од украинската мировна формула

од Radmila Tasevska
339 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање на Генералното собрание на ОН потсети дека презентирал нацрти на украинската мировна формула за време на неговото видео-обраќање на минатогодишното Генерално собрание на ОН.

Тој рече дека планира да ги изнесе деталите на утрешниот Совет за безбедност на ОН и оти повеќе од 140 земји и меѓународни организации целосно или делумно ја поддржале формулата.

– Украинската мировна формула станува глобална. Таа е подготвена да понуди решенија и чекори кои ќе ги решат сите форми на вооружување што Русија ги употреби против Украина и другите земји, посочи украинскиот претседател.

Зеленски првпат лично присуствува на годишна сесија на Генералното собрание на ОН откако Русија ја нападна неговата земја во 2022 година.

Слични содржини