Зеленски вечерва во Париз, утре можеби на самитот во Брисел

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој е во посета на Велика Британија, вечерва ќе пристигне во Париз, јави француската ТВ БФМ, повикувајќи се на информирани извори.

Зеленски, кој е во Лондон во својата втора посета во странство од почетокот на рускиот напад врз Украина на 24 февруари минатата година, би можел да пристигне во Брисел во четврток, по Париз, на самитот на Европската унија, но таа посета се уште не е потврдена.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во понеделникот рече дека го поканил Зеленски „лично да учествува на еден од идните самити“.

„Може да биде во четврток“, но ништо не е потврдено, изјавија за ТВ БФМ во Брисел, пренесе Танјуг.

Слични содржини