Зеленски: Ви благодариме за санкциите кон Русија, но тие не се доволни

од Nikola Popovski
277 прегледи

Благодарен сум на Европската унија за петтиот пакет санкции против Русија, но мислам дека тоа не е доволно, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија Урскула фон дер Лајен и шефот на европската дипломатија Жозеп Борел во Киев.

Зеленски оцени дека санкциите против Русија треба дополнително да се заострат поради „континуирана вооружена агресија и убиства на мирни украински граѓани“, пишува Укринформ.

„Сакам да му се заблагодарам на целиот свет, на ЕУ, на Урсула фон дер Лајен за политиката на санкции. Јас лично сум благодарен за петтиот пакет санкции, но мислам дека тоа не е доволно. Русите ни зедоа многу повеќе. Тие ни ја земаа територијата и нашиот народ“, рече Зеленски.

Слични содржини