Зеленски: Во бомбардирањето на железничката станица загинаа 15 лица

од Берта Китинска
173 прегледи

Во рускиот ракетен напад на железничката станица во градот Чаплин во централна Украина, загинаа најмалку 15 лица, а околу 50 се ранети, соопшти претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Оваа информација Зеленски ја изнесе на седницата на Советот за безбедност на ОН преку видео врска.

Зеленски претходно рече дека Москва може да се обиде „нешто особено сурово“ оваа недела, кога Украина го слави Денот на независноста.

Украина се подготвуваше за особено тешки напади за време на прославата на Денот на независноста. На 24 август 1991 година, земјата прогласи независност од Советскиот Сојуз.

Во пресрет на националниот празник, властите во Киев забранија големи собири до четврток поради можноста од ракетни напади.

Слични содржини