Најстариот син на медиумскиот магнат Руперт Мардок и актуелен извршен директор на корпорацијата „Фокс њуз“, Лахлан Мардок го посети претседателот на Украина Володимир Зеленски во Киев, соопштија денеска од кабинетот на украинскиот претседател.
Лахлан Мардок го следеа новинарите на „Фокс њуз“ и „Сана“.
Зеленски му се заблагодари на „Фокс њуз“ за објективното известување за, како што истакна, „руските злосторства во Украина, и покрај безбедносните ризици“, па дури и го одликуваше Мардок со Орден за заслуги за неговиот придонес во поддршката на независноста и територијалниот интегритет на Украина, соопштија од претседателскиот кабинет.
Претседателот на Украина изјави дека посетата на Мардок е исклучително важна во време кога некои меѓународни медиуми ја поместуваат сликата за војната од Украина.
„Поради некоја причина, луѓето ја третираат војната како филм и очекуваат дека нема да има долги паузи во настаните, дека сликата пред нивните очи секогаш ќе се менува, дека секој ден ќе има некои изненадувања. Но, за нас, за нашите воини, ова не е филм. Ова се нашите животи. Ова е секојдневна напорна работа. И нема да заврши толку брзо како што би сакале, но немаме право да се откажеме и нема“, навел Зеленски.