117
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски соопшти дека едно лице загинало, а 10 се повредени во руското гранатирање на градот Купјанск, на истокот на Украина.
Зеленски на Телеграм напиша дека е погоден музејот и дека е убиен вработен во музејот, а под урнатините има уште луѓе.
Шефот на регионалната администрација во Харков, Олег Синегубов, изјави дека руските сили го гаѓале центарот на Купјанск со ракети С-300 и дека тројца од 10-те повредени лица се хоспитализирани.