Зеленски воведе санкции за 185 фирми и физички лица

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Украинскиот претседател, Володомир Зеленски воведе санкции за 185 компании и поединци кои ја поддржуваат руската војна.

Фирмите и бизнисмените кои превезуваат персонал и воена опрема со железница во име на „државата агресор“ ќе бидат казнети, рече Зеленски во вечерното видео обраќање.

Тој додаде дека конфискуваниот имот ќе се користи во корист на украинската одбрана во војната.

На санкционираната листа има 182 компании, меѓу кои и белоруски кои и помагаат на Русија во испораките и три физички лица.

Зеленски, исто така, рече дека Украина работи на тоа и другите земји да ги блокираат средствата на овие компании и поединци.