Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека „Русите сфатиле дека Крим не е место за нив“ откако полуостровот беше погоден од три разорни удари во изминатата недела, за кои се верува дека биле извршени од украински оперативци.
Во своето последно видео обраќање, Зеленски рече дека долгите колони автомобили што минуваат преку мостот на Крим што води кон руското копно докажуваат дека „мнозинството руски граѓани ја добиле пораката“. Најмалку 38.000 автомобили ја минале границата со Русија во вторникот.
Масовниот егзодус на цивили се случи откако складиште за муниција експлодираше во близина на градот Џанкој, важен железнички центар. Друг очигледен украински напад се случи во близина на регионалниот главен град Симферопол, каде беше уништена руска воздухопловна база, пренесе „Гардијан“.
Зеленски навести дека слични напади може да се очекуваат и во наредниот период. Тој ги повика Украинците кои живеат на Крим и окупираниот југ да се држат настрана од непријателските командни пунктови и логистички бази.
„Не се приближувајте до воените објекти на руската армија“, рече тој.