Зеленски за спорот во Белата куќа: Го бранев достоинството на Украина

од Milan1
16 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека успеала да влијае на високи функционери во Белата куќа.

Во интервју за магазинот „Тајм“, Зеленски изјави дека Кремљ успеал да ги убеди членовите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во лажни наративи за војната во Украина.

„Верувам дека Русија можеше да влијае на некои луѓе во Белата куќа преку информации“, рече Зеленски.

„Нивната порака до Американците беше дека Украинците не сакаат да ја прекинат војната и дека треба да бидат принудени на тоа“, додаде тој.

Зеленски се осврна и на неодамнешната конфронтација во Овалната соба со Трамп и неговиот потпретседател Џеј-Ди Венс, велејќи дека тој „го бранел достоинството на Украина“ во таа дискусија.

„Во тој момент се немаше чуство дека сме сојузници или дека тие заземаат сојузнички став“, рече тој.

„За време на тој разговор го бранев достоинството на Украина“.

Слични содржини