Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска го повика Западот да го зголеми снабдувањето со оружје за Украина со цел да се промени текот на војната кон пресвртна точка што ќе ѝ овозможи да победи.
Обраќајќи се на видео врската до Братиславскиот форум ГЛОБСЕК 2022 во словачкиот главен град, украинскиот лидер рече дека поделбите во Европа создале можности Русија да го искористи тоа, но додаде дека Киев е благодарен за досегашната помош на Западот, пренесе „Ројтерс“.
Русија започна специјална воена операција во Украина на 24 февруари.