Зеленски започна акција против оние кои ѝ „помогнаа“ на Русија да оствари победи

од Stefanija Kuzmanovska
222 прегледи

Кабинетот на украинскиот претседател Владимир Зеленски конечно почна да се справува со оние кои по должност беа обврзани да бидат подготвени за војна, пишува украински „Телеграф“.

По патувањето на Зеленски во Харков на крајот на мај, отпуштен е шефот на регионалната служба за безбедност на Украина (СБУ), Роман Дудин.

Зеленски рече дека функционерот во Харков бил отпуштен „затоа што не работел на одбрана на градот од првите денови на војната масовно, туку само мислел на себе“ и дека другите се труделе „многу ефикасно“, а поранешниот градоначалник не.

Иако претседателот не го именуваше функционерот, украинските медиуми го идентификуваа како Роман Дудин, шеф на службата за безбедност на СБУ во регионот Харков.

Претходно, канцеларијата на Зеленски на Телеграм објави видео на кое претседателот носи оклоп додека гледа во уништените згради во и околу Харков.

Набрзо следеа нови отпуштања, а се чини дека се работи за луѓе кои и случајно и намерно ѝ ја олеснија работата на Русија при окупацијата на одредени делови од Украина.

Слични содржини