14
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека вчера разговарал со американскиот претседател Џозеф Бајден за поддршката на Вашингтон за Украина, новите американски санкции против Русија и зајакнувањето на воздушната одбрана на Украина.
Во објава на социјалните мрежи, тој му се заблагодари на Бајден за поддршката на Вашингтон во речиси тригодишната војна на Украина со Русија и за „важната улога што САД ја одиграа во обединувањето на меѓународната заедница“, објави Ројтерс.
Зеленски рече дека во разговорот се разговарало и за новите американски санкции против рускиот енергетски сектор, за кој рече дека му помага на рускиот претседател Владимир Путин да ја „финансира војната“.