Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на дополнителни санкции против Русија кои би одговарале на тежината на нејзините „воени злосторства“ во Буча, каде што беа пронајдени телата на цивили по повлекувањето на руските сили.
Во видео пораката во вторникот вечерта, Зеленски рече дека украинските сили држат поголем дел од територијата што Русија се обидува да ја освои. Тој рече дека ситуацијата е најтешка на Истокот на земјата, во Донбас и Харков.
Русија испраќа нови сили за нова офанзива во Украина, рече тој.
„Знаеме за обиди на руското раководство да мобилизира нови идиоти меѓу кадетите во воените училишта, луѓе со борбено искуство и регрути да ги испрати во крвопролевање во уште една офанзива“, рече тој.