Големиот екран го заменив за училница кога решив да се повлечам од сцената, изјави Рене Зелвегер, ѕвездата од „Дневникот на Бриџит Џонс“, гостувајќи во емисијата „Денес“.
Според кралицата на трансформациите, таа морала да се одмори од Холивуд за да се оддалечи и да се обиде да расте како личност и да научи работи кои не се поврзани со нејзината работа.
Двократната добитничка на Оскар вели дека „се прикрила“ на Универзитетот во Калифорнија, каде студирала меѓународно право бидејќи се заинтересирала за политика.
Сепак, како што изјавила, не е сигурна дека целосно ќе ја замени професијата.
Зелвегер и претходно зборуваше за одлуката да се повлече од центарот на вниманието, велејќи дека е време малку да се грижи за себе и за своето здравје.