Земјите од ЕУ се „натпреваруваат“ да привлечат украински работници

од Stefanija Kuzmanovska
129 прегледи

Украинците кои доаѓаат во земјите на ЕУ поради војната би можеле да пополнат значителни празнини на националните пазари на труд во Европската унија, но нивното евентуално враќање во Украина или конкуренцијата меѓу земјите од ЕУ претставуваат проблем за работодавците.

Големиот прилив на луѓе од Украина е можност за земјите кои моментално се соочуваат со недостиг на работна сила, како што се Полска, Словачка или Чешка, меѓутоа, поквалификуваните работници обично поминуваат низ земјата во потрага по кариера во западните земји на ЕУ, како што е Германија, каде што можат да добијат подобри плати и повисок животен стандард, пишува „Еурактив“.

Според сегашните правила за миграција, таква ситуација не би требало да се случи, бидејќи Украинците можат да работат само таму каде што поднеле барање за статус на привремена заштита и не треба да одат во друга земја.

Слични содржини