Земјотрес со јачина од 5,5 степени регистриран на југот на Иран

од Radmila Tasevska
130 прегледи

Силен земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денес ја погоди провинцијата Фарс на југот на Иран.

Според иранскиот национален сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил во селото Дорз во Фарс. Земјотресот се случил на длабочина од 11 километри, јавува Анадолија.

Засега нема извештаи за евентуални жртви или материјална штета.

Слични содржини