99
Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала денес ја погоди областа Танимбар во Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот се случил на длабочина од 97 километри, соопшти EMSC, пренесе Ројтерс.
Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.