„Зема замав“ стомачната вироза, Др.Лазаров советува: „Мијте раце“

од Берта Китинска
286 прегледи

Докторот Ненад Лазаров  преку својот Фејсбук профил информира дека е започната сезоната на стомачни вируси.

„Има случаи на стомачни вирози деновиве, мијте раце.Едит: најнормална сезонска појава е ова, без паники“, пишува Лазаров.

Стомачен вирус или гастроентеритис е медицинска состојба која се карактеризира со воспаление на гастроинтестиналниот тракт, кој ги вклучува стомакот и тенкото црево. Тој се нарекува и „стомачен грип“, иако не е поврзан со грипот. Најчести симптоми се повраќање и дијареа.

Слични содржини