225
Претседателот на Чешката Република, Милош Земан денеска е пуштен од Централната воена болница во Прага по еднодневен престој, јави агенцијата ЦТК.
Како што соопшти вчера портпаролот на болницата, Земан бил примен во болница на планирани тестови.
Земан (77), кој користи инвалидска количка, помина повеќе од шест недели во болница минатата година поради неодредена „сериозна состојба“, предизвикувајќи загриженост за неговата способност да ги извршува своите должности, пренесе Ројтерс.
Овластувањата на претседателот вклучуваат именување на премиерот и гувернерот на централната банка, но повеќето од извршните овластувања се во рацете на владата.
Последниот петгодишен мандат на Земан завршува во март следната година.