190
Земјите членки на Шангајската организација за соработка денеска ја потпишаа Заедничката декларација од Самарканд, јавува дописникот на агенцијата РИА Новости.
На самитот беа потпишани околу 40 документи, меѓу кои и сеопфатен план за имплементација на договорот за долгорочно добрососедство, пријателство и соработка.
Земјите потврдија дека декларацијата не е насочена против други земји и меѓународни организации и ја истакнаа отвореноста на организацијата за широка соработка со нив, имајќи ги предвид заедничките интереси.