Американскиот министер за финансии, Џенет Јелен денеска ја поздрави одлуката на група од шест земји доверители, вклучително и Соединетите Американски Држави, да ги суспендираат обврските за сервисирање на долгот на Украина и ги повика другите официјални и приватни кредитори да се приклучат на овие напори.
Во групата доверители што најавуваат таква намера се Канада, Франција, Германија, Јапонија, Обединетото Кралство и САД, пренесува Ројтерс.
„Го повторувам мојот повик до сите други билатерални официјални и приватни доверители да се приклучат на оваа иницијатива и да и помогнат на Украина додека се брани од неиспровоцираната и брутална војна на Русија, која имаше разорно влијание врз украинскиот народ и економија и има брановидни ефекти низ целиот свет. “, рече Секретарот за финансии на САД.