Земјите од ЕУ инвестираа 76 милијарди евра во заштита на животната средина во 2024 година

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Според проценките на Евростат, земјите од Европската Унија (ЕУ) инвестираа околу 76 милијарди евра во средства потребни за обезбедување услуги за заштита на животната средина во 2024 година, беше објавено денес на веб-страницата на Евростат.

Се наведува дека овие услуги вклучуваат постројки за третман на отпадни води, возила за транспорт на отпад, купување земјиште за создавање природни резервати и опрема за почисто производство.

Евростат, исто така, наведува дека компаниите потрошиле речиси 47 милијарди евра, или повеќе од 61 процент од вкупните инвестиции во животната средина, за стекнување технологии и опрема за намалување на влијанието врз животната средина од нивните производствени процеси.

Слични содржини