Земјите од Г7 го забрануваат увозот на руски дијаманти

од Stefanija Kuzmanovska
178 прегледи

Земјите од групата седум (Г7) објавија директна забрана за увоз на руски дијаманти почнувајќи од први јануари, по што ќе следи ограничување на индиректниот увоз на скапоцени камења од први март, беше објавено по онлајн самитот на Г7.

„До први јануари ќе воведеме ограничувања за увоз на неиндустриски дијаманти, ископани, преработени или произведени во Русија, по што од први март ќе следуваат дополнителни постепени ограничувања на увозот на руски дијаманти преработени во трети земји“, се вели во соопштението.

Земјите увозници на дијаманти на Г7, како што е најавено, ќе воспостават механизам за сертификација на груби дијаманти, пренесува „Независне новине“.

Забраната за увоз на необработени дијаманти со кои се тргува во земјите од Г7 ќе стапи на сила од први септември.

Во соопштението се истакнува дека забраната ги исклучува дијамантите за индустриска употреба.

Дијамантите се еден од ретките преостанати големи руски извозни производи кои не биле цел на координирани западни санкции наметнати како одговор на специјалната воена операција во Украина.

Слични содржини