Земјоделците не очекуваат зголемување на цената на зеленчукот, но оставаат простор за евентуални измени

од Vladimir Zorba
809 прегледи

Проценка на земјоделците е дека откупната цена на индустриската пиперка којашто се користи за подготовка на зимница ќе биде околу 50 денари. Секако, овој износ ќе биде поголем во малопродажба и ќе зависи од висината на маржата којашто ќе ја определат трговците.

Производителите на градинарските култури засега  не очекуваат промена на цените на доматот, пиперките и краставиците кои сега се продават за суми од 70-100 денари, но сепак оставаат простор за евентуални измени. Има неколку  причини за нивно можно зголемување, но како основни издвојуваат неколку.

Климатските промени го намалија производството, но се подолем проблем е и недостигот на работна сила поради масовното заминување на младите во странство.

„Ова се основните причини поради кои цените на градинарските производи се високи. Производството е десеткувано, односно количините на засадените култури се намалени дури за 30-40%“, изјави за „Локално“, Ристо Велков,  Претседател на Сојузот на земјоделци од Струмица.

Ристо Велков

Ристо Велков

Проблем поради кој никој не може со сигурност да ги дефинира идните цени е и фактот дека Македонија е се позависна од увоз на земјоделски производи.

„Се мора да увезуваме за да има на пазарите, но сега нема ни од каде. Поради глобалното затоплување, односно временските непогоди,   настрадаа Војводина и Словенија, па тамошните засадени култури се уништени, намалено е производството. Ние бевме зависни од морковот од Војводина но годинава  морков уште не може да стаса бидејки и таму е многу скап, а цената се темели на тешките услови за производство, обилните дождови и исцрпувачките суши“, вели земјоделецот Крсто Крстовски.

Тој одгледува морков кој во моментов се продава за 30 денари на големо. Забележува дека неговата цена додека стигне до пазар, се качува за уште толку, а парите како што вели не завршуваат кај земјоделецот туку кај закупците.

Земјоделците се потсетуваат и на минатото кога имало мали производители кои го надополнувале пазарот но тие сега полека се иселуваат, и заминуваат од селата, оставајќи ги необработените ниви зад себе. Според нив, голем недостаток се и пазарите, односно фактот дека нема каде да се пласираат производите.

„Ние го имаме кванташки пазар и за мене нема проблем бидејќи носам поголема количина на роба и можам да заработам.Од друга страна, малиот производител за една вреќа пипер треба да плати 300-400 ден за влез, што претставува сума  која нема да успее да ја заработи од продажбата.   Таквите луѓе лека- полека престанаа да произведуваат, а тоа се многу луѓе“, вели Крстевски.

И покрај проблемите коишто ги посочуваат, производителите на градинарските култури имаат заеднички став дека се задоволни од актуелните цени на нивните прозиводи.

„Уште од стартот  беа добри и задоволителни цените  на пролетната зелка и на доматот и краставицата во првиот турнус на производство. Истата ситуација е и во вториот циклус, односно за  вторите култури – краставицата и доматот, па затоа сме задоволни“, вели Велков.

Во меѓувреме, производителите на раноградинарски култури, на пченица и и јачмен  произведени под контролирани услови пред неколку денови добија три нови мерки за подд ршка. На овој начин се надоместува разликата помеѓу производната и продажната цена,  како резултат од владината од лука за замрзнување на цените  за овошјето и зеленчукот.

Преку  Интервентната програма се креира мерка за финансиска поддршк а за продадени количини на дома т, пипер и краставица произведе ни под контролирани услови. Корисници на оваа подмерка се з емјоделски стопанства кои се п роизводители на домат и крастав ици во затворени простории за п роизводство во контролирани ус лови и кои имаат поднесено барање. Висината на финансиската по ддршка од оваа мерка изнесува  35 денари по килограм за домат  кој е произведен и продаден в о период од 5 април до 31 мај  2023 година и 30 денари  по килограм за крас тавица која е произведена и пр одадена во период од 5 април до 15 мај 2023 година.

К.В.С.

Слични содржини