Земјотрес со јачина од 5,3 степени ја погоди Јапонија

од Симе Стоиков
245 прегледи

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтер ја погоди денеска Јапонија, јавија јапонските медиуми.

Земјотресот бил околу 9:00 часот по локално време, во близина на главниот град Токио.

Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека епицентарот е во јужната префектура Ибараки, на длабочина од 50 километри.

Засега се наведува дека не е издадено предупредување за цунами.

Како што е познато Јапонија се наоѓа во Огнениот прстен на Пацификот, каде сеизмичката активност е доста висока.

Слични содржини