234
Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди филипинските острови Лејте, соопшти германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).
Според ГФЗ, земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Филипинската сеизмолошка агенција соопшти дека се очекуваат последователни потреси и дека земјотресот најверојатно предизвикал штета, пренесува Ројтерс.