374
Рано утринава беше регистриран земјотрес и во Албанија со јачина од 3,5 степени според Рихтер, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Се наведува дека епицентарот бил на 23 километри југозападно од Тирана, на длабочина од 10 километри.
Приштински „Коха“, повикувајќи се на ТВ А2 во Албанија, јавува дека земјотресот не предизвикал материјална штета.