8
Сеизмички потреси се регистрирани во петок попладне во Скадар. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала и со фокусна длабочина од 10 километри.
Епицентарот на земјотресот бил на околу 14 километри јужно од Скадар, додека потресите биле почувствувани и во Црна Гора. Земјотресот е регистриран во 14:39 часот.
Засега не е пријавена материјална штета, но предизвикала паника кај жителите.