Земјотрес во Загреб

од Берта Китинска
460 прегледи

Земјотрес со јачина од 3,1 степен го погоди Загреб.Земјотресот бил почувствуван околу 23.15 часот во Загреб.

Хрватската сеизмолошка служба објави дека епицентарот бил во близина на Маркушевац во Загреб, а јачината е со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала.

Граѓаните известија дека земјотресот бил силно почувствуван. Коментарите на Твитер беа „кратко, но силно не затресе “.

– Отпрвин мислев дека нешто експлодира, но експлозијата ќе се слушнеше многу погласно. Тоа траеше околу четири секунди – напиша еден од очевидците.

Слични содржини