Зеница и Скопје потпишаа меморандум за соработка со две средни училишта

од Берта Китинска
289 прегледи

Во просториите на Власта на Зеничко- Добојски кантон во Република Босна и Херцеговина во присуство на Министерот за образование Спахија Козлиќ Средното електротехничко училиште на Град Скопје Михајло Пупин потпиша меморандум за соработка со две средни училишта од Зеница -Босна и Херцеговина.

Техничка школа Зеница и Мешовита школа Зеница. Со потпишување на овој меморандум од оваа година ќе има размена на ученици , аплицирање на заеднички проекти, подобрување и размена на искуство во дуалното образование во трите училишта.

Ова е прв ваков вид на меморандум за соработка на стручно училиште со средни училишта од Босна и Херцеговина -изјави директорот на СЕТУ Михајло Пупин -Димитар Ѓорѓиев. Среќни сме поради ова и со ова нашето училиште им овозможува на своите ученици размена на искуства на своите ученици освен во Србија, Хрватска и Словенија од оваа година и со ученици од Босна и Херцеговина.

Делегацијата од Михајло Пупин имаше и прием во стопанската комора како гости на претседателката на комората Г-ѓа Диана Бабиќ и состанок со челници на неколку компании од Босна и Херцеговина каде се разменија искуства за дуалното образование.

Делегацијата ги посети и двете училишта каде се направи стратегија за подобрување на квалитетот на наставата во електротехничката струка и договори повеќе настани за во иднина,а се во интерес на учениците. Истотака делагацијата посети неколку компании како арцелор митал каде се разменија искуства за дуалното образование . СЕТУ Михајло Пупин полека станува центар на електротехничката струка во Република Северна Македонија.

Слични содржини