Zeroacento 273 Potenza инспириран од Ferrari 288 GTO (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Manifattura Automobili Torino направи спортски модел 273 Potenza (базиран на Ferrari F8 Tributo) за швајцарската компанија Zeroacento Automobili.

Zeroacento 273 Potenza е всушност модерна интерпретација на Ferrari 288 GTO која не враќа во времето и оживува мноштво емоции.

Како што е наведено, автомобилот се одликува со врвни материјали и автентичен дизајн во комбинација со напреден инженеринг направен во Италија.

Се издвојува со каросеријата од јаглеродни влакна, твин-турбо V8 мотор со над 800 КС, 7-степен менувач со двојна спојка, титаниумски издувен систем, тркала од 20 и 21 инчи, аналогни и дигитални дисплеи…

Како што се вели понатаму во најавата, ова е уникатна креација на автентичен дизајн, со цел да се создаде носталгичен и елегантен спортски автомобил кој хармонично ја комбинира модерната архитектура и функционалност со легендарните линии. Вниманието на деталите и функционалноста се споени на спектакуларен начин, што кулминира со чисти линии, неверојатен изглед и извонредна изработка.

Внатрешноста има кожа, Алкантара, делови од кован алуминиум и други премиум компоненти.

Слични содржини