Синоќа околу 21 часот дошол до пукање во угостителски објект во село Сарај, информираат од МВР. Според податоците, во инцидентот учествувеле З.Ш.(48) од село Глумово, кој бил со уште три лица, како и Л.З.(47) од село Ласкарци и Н.С.(35) од Глумово. Во еден момент З.Ш. извадил пиштол и пукал кон неговиот шура Л.З., со кого имале нарушени семејни односи и кон Н.С., но не ги погодил. Потоа пиштолџијата со тројцата пријатели го претепале Н.С.
-Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.