Зетот на Ердоган, „таткото“ на дроновите „Бајрактар“ е најголемиот плаќач на данок во Турција

од desk2
15 прегледи

Селчук Бајрактар, претседател на Управниот одбор на производителот на дронови и воена технологија „Бајкар Текнолоџи“ и зет на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, е најголемиот плаќач на данок во Турција во 2024 година, јави Си-Ен-Ен Турк.

Бајрактар, всушност главниот креатор на дроновите „Бајрактар“, минатата година платил данок од 2,7 билиони лири (581 милиони евра).

Во првата десетка се уште седум луѓе од „Бајкар“. Единствените исклучоци се Мустафа Коч од „Коч Холдинг“, кој е четврти, со 758 милијарди лири (16 милиони евра) и Ерман Алаџак од „Ренесанс Холдинг“ на 10-то место.

„Потрошувачката“ на дроновите „Бајрактар“ во Украина, очигледно, „тежи“ десетици милијарди евра, штом 8 луѓе од „Бајкар“ се меѓу 10-те најголеми даночни обврзници – поединци.

Слични содржини