143
На територијата на СВР Битола во периодот јануари – ноември 2022 година, споредбено со истиот период лани, бележиме зголемување на вкупниот број на кривични дела за 52%, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук.
„На територијата на СВР Битола во периодот јануари – ноември 2022 година, споредбено со истиот период во 2021 година, зголемена е откривачката дејност на сторителите на кривични дела за 52%.
Позитивниот тренд во 11-те месеци годинава присутен е и во областа на безбедноста во сообраќајот, каде имаме намалување за 11% на бројот на сообраќајни незгоди, а тоа резултираше и со намалување на бројот на жртви оваа 2022 година во споредба со 2021 година.
Во борбата против нелегалната трговија со дрога и оружје СВР Битола оваа година може да се пофали со зголемување од 34% на откривачката дејност, споредбено со истиот период во 2021 година.
Што се однесува за бесправна сеча и пустошење на шуми годинава имаме тренд на зголемување на откриената дрвна маса за повеќе од 100%“, напиша на својот Фејсбук профил министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.