Зголемен бројот на новородени деца во однос на четвртото тримесечје од 2019

од Nikola Popovski
135 прегледи

Според извештајот на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2020 година изнесува 4.935 и во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 4,8 отсто.

„Бројот на умрените лица во четвртиот квартал лани, пак, бележи зголемување од 89,1 отсто во споредба со 2019 година и изнесува 9.465 лицa, а од нив 12 се умрени доенчиња, но ваквиот раст, е поради доцнењето на извештаите од одделни матични подрачја од претходните квартали како последица на пандемијатa со КОВИД-19. Природниот прираст изнесува минус 4.530, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 19,7 отсто во споредба со истиот период од 2019 година и изнесува 2.689 бракови.

Бројот на разведените бракови во ова тримесечје е 540, што претставува намалување од 19,3 отсто во споредба со истиот период од 2019 година“, стои во извештајот.

Слични содржини