Бројноста на војниците кои учествуваат во вонредната проверка на борбената готовност зголемена е на 80.000, додека бројот на летала зголемен е до 220, соопшти денеска Валериј Герасимов, началник на ГШ на Армијата на Русија.
Според него, за време на проверката на борбената готовност се зголемува бројноста на ангажираните сили.
Денеска е дадена „тревога“ и во зададените области испратена е по една формација од Западниот и Централниот воен округ. Вклучени се и дополнителни воздухопловни сили.
Герасимов на состанокот во Националниот центар за управување со одбраната изјави дека моментно единиците од воените окрузи и Северната флота извршиле подигнување на највисок степен на борбената готовност и пристапиле кон маневарко-борбени задачи на полигони и на море.
Вонредната проверка на готовноста на Северната флота на Русија, повеќе формации од Запдниот воен округ и Воздухопловно-десантните единици, почна во понедленикот со учество на 38.000 војници, повеќе од 55 борбени бродови и подморници, 110 авиони и хеликоптери.