Од пред два дена пред домот на специјалната обвинителка Фатиме Фетаи има зголемено полициско присутво. Од специјалното обвинителство за Телма потврдија дека по барање на обвинителката Фетаи се преземени мерки за обезбедување на нејзиното живеалиште и на нејзиното семејство.
Причината според СЈО не се закани кон обвинителката туку претпазливост откако со безбедносни проценки е утврдено дека зголемени мерки се потребни поради лошата положба на домот на Фетаи. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на прашањето на Телма тврди дека немало зголемено обезбедување на специјалните обвинители.
Од Специјалното обвинителство за Телма велат дека нивните обвинители досега не се жалеле на закани поради кои би чувствувале лична загрозеност. Специјалните обвинители имаат право да проценат дали има потреба да побараат обезбедување на домот и семејството како што направила Фетаи. Ова е првпат да има зголемено обезбедување за еден од обвинителите и покрај постојаниот притисок и попречување на работата како што тврдат од СЈО во неколку наврати.
Целиот текст можете да го прочитате тука