Во изминатите денови на граничниот премин Ќафасан на македонско-албанската граница кај Струга, забележана е зголемена фрекфенција на патници и возила, пренесоа албанските медиуми.
Како што јавуваат, се работи за албански емигранти , кои се враќаат во Грција каде што живеат и работат.
„Емигрантите од централниот и југоисточниот дел на земјата транзит ја користат територијата на Северна Македонија за да се вратат на работа во Грција по празниците. Тоа од причина што преминот Капштица со Грција, кај Корча, е затворен и емигрантите Северна Македонија ја користат како транзит“, посочуваат медиумите.
Но, како што велат, тоа не е единствената прчина, туку според емигрантите транзитот преку македонска територија им заштедува повеќе од час и половина.
Зголемена фрекфенција за повеќе од двапати е забележана и на премините Блато и Џепиште-Требиште кај Дебар.