Зголемена фреквенција на возила на ГП Богородица

од Vladimir Zorba
144 прегледи

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 15 до 30 минути. На граничните премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Од АМСМ, известуваат дека од понеделник, 11 септември ќе се воспостави времен режим на сообраќајот во тунелот на стационажа км 6+326 до км 6+366, на десна страна од тунелот, правец Блаце – Скопје, поради изведување на градежни работи – санација на тунелот, за што ќе има светлосна сигнализација со наизменично пропуштање на возилата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини